ФРАНЦУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА ГЛАСАЊЕТО ВО СОБРАНИЕ И РЕФЕРЕНДУМОТ: Добар пример за европската демо(н)кратија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот конзервативен портал „Булевар Волтер“ се осврнува на неодамнешниот референдум во Македонија, оценувајќи го како добар пример за европската демонкратија (владеење на ѓаволот), како што ја нарекува, пренесува Експрес.

 

„Сценариото беше добро подмачкано и требаше да доведе до победа на таборот на доброто над она на мрачноста. За да ги разјасниме проблемите, прашањето беше: ‘Дали сте за приклучување кон ЕУ и НАТО, прифаќајќи го договорот со Грција?’. Името на новата земја дури и не се појави во прашањето… Но, луѓето не гледаа на прашањето со исти очи и, по повикот од опозицијата, го бојкотираа референдумот, правејќи го неуспешен со тоа што не ја доби потребната излезеност од најмалку 50 проценти од гласачите.

За надминување на оваа пречка атлантистичките миниони го зададоа омилениот удар: гласање во Парламентот! Пратениците, секако, е многу полесно да се поткупат и да им се заканува отколку на народот. Во петокот вечерта тие гласаа против волјата на народот. Овој деспотски ритуал стана класика на европската ‘демократија’. Сè уште се сеќаваме на преседаните во Франција (со Европскиот устав) или во Холандија (со Европскиот устав и со договор меѓу Европска унија и Украина). И кога луѓето гласаат ‘погрешно’, се тераат да гласаат додека не се ‘поправат’ (како со легализацијата на абортусот во Ирска со референдумите од 1983, 1992 и 2002 година и, конечно, 2018 година со Договорот од Лисабон за кој Ирците мораа да гласаат два пати). Во овој момент невладините организации со тајно финансирање ги туркаат Британците да го ревидираат Брегзит!

Демократијата умира, демонкратијата владее во Европа. Дали луѓето ќе се разбудат? Тоа е прашањето“, пишува порталот покренат во 2012 година од поранешниот главен уредник на „Котидиен де Пари“ и на голем број други весници, Доминик Жаме, и од Робер Менар, новинар и политичар, основач на организацијата „Репортери без граници“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This