Хоџа: Потребна е соработка на Беса со АА за локалните избори за да се победат кандидати на ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на изборниот штаб и генерален секретар на движењето Беса, Аријанит Хоџа, во вторникот изјави дека партијата останува на ставот дека е потребна соработка со Алијанса за Албанците за да може на овие локални избори да се победат кандидатите од ДУИ. Според него, легитимитетот за нова власт доаѓа од парламентарни избори, но дали како партија би поддржале ново парламентарно мнозинство, како што рече, ќе зависи од тоа како ќе се одвиваат настаните на политичката сцена по локалните избори.

„Ние остануваме цврсто на нашата определба за заедно со Алијанса за Албанците да ги победиме ДУИ во општините каде учествуваме во втор круг. Ова се локални избори, легитимитетот за парламентарни избори односно за нова влада доаѓа од парламентарни избори. Тоа останува на времето да видиме по изборите како ќе се одвиваат настаните и како ќе се движи политичката сцена потоа“, рече Хоџа во одговор на новинарско прашање дали иако се дел од сегашната власт би поддржале ново парламентарно мнозинство со оглед на соработката со опозицијата на овие локални избори.

Сега, додаде Хоџа, зборуваме таксативно за локални избори и мислам дека тоа треба да е тема.

„Ова што се случува не е првпат. Во 2017 година ние бевме опозиција, а Алијанса за Албанците беше власт и тогаш имавме слична соработка. Тоа не е нешто што треба да се коментира во такви насоки, зборуваме за локални избори во интерес на локалната власт. На крај на криштата станува збор за интерес за градовите, а не за политичките партии“, изјави тој.

Не сакаше да ја коментира изјавата на преставници од Алтернатива, кои се во коалиција со Алијанса за Албанците, дека не треба да се даде поддршка за ниту една партија која е дел од власта, додавајќи дека не би сакал да ја нарушува атмосферата од она што било постигнато со Алијанса за Албанците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This