ХРВАТСКИТЕ МЕДИУМИ ПОТВРДУВААТ: Во македонското министерство за одбрана работат луѓе поврзани со странски служби!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватските медиуми ја потврдуваат информацијата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, дадена во интервјуто на „Лидер“ дека за да станеме членка на НАТО потребно е да се отстранат голем број на лица што се на високи позиции во кабинетот на министерката Радмила Шекеринска, во Генералштабот, како и во Военото разузнавање.

Хрватскиот медиум Хрватска данас, објави текст со наслов „Длабоки врски: Може ли Македонија во НАТО со такво водство во Министерството за одбрана?“

Во текстот пишува дека главното раководство на Министерството за одбрана моментално се состои од лица со длабоки приватни, семејни, оперативни и политички врски со Република Србија.

Државниот секретар Драган Николиќ е син на поранешен офицер на ЈНА од Србија. Освен странскиот ангажман од СДСМ и логистиката за испраќање во мисии и промоција на луѓе блиски до СДСМ, тој нема значаен допринос во МО, пишува хрватскиот весник.

Хрватите пишуваат и за државниот советник, а истовремено и најблизок соработник на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и главен експрет за човекови ресурси, Мирослав Стојановски, поранешен капетан во војската на ЈНА за време на српскта агресија на Хрватска и окупацијата на Вуковар, а бил и обвинет за убивање на невини цивили. По окупацијата на Вуковар тој бил унапреден во чин – мајор на ЈНА.

– Шефот на Военото разузнавање Горан Василевски е личност која што има врски со Војската на Србија што повторно е директна причина што подолго време не добил безбедносен сертификат. Василевски е еден од ретките вработени во македонската војска кој во 2013 година пишувал во весникот на Министерството за одбрана на Србија без претходна согласност од Министерството на одбрана на Македонија. – стои во текстот на хрватскиот медиум.


Оттука хрватските медиуми го поставуваат прашањето како Македонија со ваква организациска структура која е поврзана со држава која не е членка или партнер на НАТО сојузот, во овој случај Република Србија, може да биде вистински партнер на сите останати членик, а посбно на Хрватска?

Инаку Николоски во интервјуто за „Лидер“ објасни дека за влез во НАТО прво сите парламенти на 29. држави членки траба да го ратификуваат Протоколот за членство, но исто така потребно е да се отстранат голем број на лица што се на високи позиции во кабинетот на министерката Радмила Шекеринска, во Генералштабот, како и во Военото разузнавање.

– Во овој период Армијата треба да спроведе сериозни реформи. Еве ексклузивно кажувам дека се стигнати насоки до Армијата дека во кабинетот на Шекеринска и во Генералштабот постојат голем број на лица, на исклучително високи позиции, исто така и во Военото разузнавање, кои што се и соработници на надворешни, односно странски служби, и истите мора да бидат отстранети со цел Македонија да биде кредибилен партнер и да не излегуваат информации од НАТО. – кажа Николоски во интервјуто за „Лидер“ и додаде дека кога ќе се заврши овој процес, тогаш ќе станеме членка на НАТО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This