Цpвeнкoвcки се вpaќа вo пoлитикaтa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали поранешниот шеф на државава и екс лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, повторно ќе се активира во политиката? Ова прашање станува деновиве повторно актуелно, откако влеговме во годината кога ќе се одржат локалните избори. Да, тврдат за Фактор неколку различни извори, кои се добро упатени во случувањата на политичката сцена во земјава.

Во изјава за Фактор, пак, Црвенковски децидно демантира дека е вклучен во какви било политички активности, и како што вели, останува на ставот да не коментира актуелни политички случувања во земјава.

Овие кругови објаснуваат дека мотив за политичкиот камбек на Црвенковски наводно било неговото незадоволство од начинот на кој сегашното раководство на СДСМ, на чело со лидерот и премиер Зоран Заев, управува и се справува со големите политички, здравствени и економски проблеми со кои се соочува државата.

Впрочем, фактот дека не му се допаѓа начинот на кој неговиот некогашен партиски соработник го менаџира прашањето за односите со Бугарија, Бранко Црвенковски неодамна и го откри на целата македонска јавност, во допис кој им беше испратен на социјалдемократите, но пораката се однесуваше на сите граѓани на земјава. Тогаш почесниот петседател на СДСМ кажа дека го замрзнува своето членство во партијата, се додека водечките партиски луѓе, но и целата партија, не се оградат од интервјуто на Заев дадено за бугарската новинска агенција Бгнес. Но, судејќи по нивните постови на фејсбук во кои се определија за храброст и за европска иднина на државата, сега врвните социјалдемократи покажаа дека ја заземаат страната на Заев.

Фактор повикувајќи се на свои извори пишува дека Црвенковски би се вратил на политичката сцена веќе на локалните избори кои во земјава ќе се одржат наесен. Според овие кругови, Црвенковски би настапил со независни листи, кои би им биле вистинска конкуренција на листите за градоначалници и советници на неговите некогашни сопартијци од СДСМ.

Извор: Фактор

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This