ЦАКАЈ ГО ДЕМАНТИРАШЕ ЗАЕВ: Предвремените избори не се поради нeуспехот од преговорите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На прес-конференцијата во Министерството за надворешни работи, Гент Цакај беше запрашан за послдната вест дека Македонија ќе оди на предвремени избори, како резултат на нeуспехот да се отворат преговори со Европската унија. Премиерот Зоран Заев потврди дека ќе предложи земјата да оди на избори.

Но, ставот на Заев се обиде да го дeмантира в.д. албанскиот министер за надворешни работи, Цакај, кој истакна дека дискусиите за предвремени избори во соседната земја не се поврзани со одлуката на Европскиот совет.

„Дискусијата за предвремени избори во Македонија е од порано а не од вчера. Вие не можете да ги поврзувате процесите. Оваа дискусија не дојде како резултат на одлуката на Советот “, рече Цакај пред новинарите.

Цакај исто така изјави дека „воМакедонија имало ветување дека овој процес (отворање на преговори) неизбежно ќе се случи“, додека албанската влада не даваше гаранции за процесот.

Извор: Топ Ченл

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This