March 28, 2024, 10:13 pm

ЦИПРАС ГО „ПPEЖИBEA“ ГЛАСАЊЕТО ДОВЕРБА: Владата на СИРИЗА доби минимум мнозинство – се поверојатна ратификацијата на договорот и во Грција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Ципрас го „преживеа“ гласањето доверба во грчкиот парламент, откако го доби минималното мнозинство од 151 глас „За“ и 148 „Против“. Овој исход од гласањето доверба е најава дека сепак ќе се ратификува и Договорот од Преспа

Процесот на гласање се случи порано од предвиденото, на полноќ. За доверба на владата на Ципрас гласаа и шестмината „одметнати“ пратеници од партјата Незаивсни Грци на Панос Каменос кој ја напушти владината коалиција и ги исклучи од членство на партијата пратениците Костас Ѕуарис, Танасис Папакристопули, Василис Кокалис, Елена Кунтура, Катерина Папакоста, како и пратеникот од ПОТАМИ Спирос Данелис.

Лидерот на Нова Демократија не присуствуваше на гласањето. Опозициските пратеници ја задржаа кохезивноста со 148 „против“.

За в недела се најавени масовни протести на плоштадот Синтагма во Атина, а веќе започна и кампања против „шестмината“ за кои се најавува дека ќе гласаат за ратификација на договорот.

Дел од „одметнатите“ грчки пратеници добиле и cмpтни зaкaни доколку гласаат „За“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This