March 19, 2024, 11:24 am

ЧУДОТBОPНАТА ИKОНА НА БОГОРОДИЦА БРЗОПОСЛУШНИЧКА ДЕНЕС ПРЕД ВЕРНИЦИТЕ НА ПЛОШТАД ВО СТРУМИЦА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Струмица и струмичани го одбележуваат споменот на доаѓањето на чу дотворната икона на Богородица Брзопослушничка, пред две години, дар од братството на манастирот Дохијар на Света Гора.

Денеска и утре иконата носена од струмичани, кои и ја донесоа од Света Гора, по свечената литургија во 16:00 часот од Црквата „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“, низ улиците на Струмица се упати кон црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, каде беше оставена за поклонение на верниот народ и таму ќе биде до утре до 11:00 часот од каде ќе се упати по булеварот „Маршал Тито“ до плоштадот „Гоце Делчев“.
Таму е предвидено молитвословие проследено со кратки поздравни слова, по што ќе продолжи назад во Црквата „Свети Петнаесет“.

Голем број верници од Струмица се вклучија во литијата, а се очекува утре на оваа свеченост да присуствуваат и голем број верници од регионот.

Пред две години иконата беше донесена како подарок од братството на манастирот Дохијар на Света Гора. Во светот има само пет копии на чудотворната икона на Богородица Брзопослушничка, една од нив е иконата во Струмица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This