April 24, 2024, 12:54 pm

ЧУЛЕВ ОТВОРИ СТАРИ РАНИ: 30 години истите нелегално прислушкуваат, во Македонија царуваат параполициски и подземни политички структури

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на вчерашната прес-конференција погоди во центар! И две години по почетокот на реформите во безбедносниот систем не е направен суштински чекор напред и поранешната УДБ-а, УБК, а актуелна Агенција за национална безбедност се уште има технички можности за прислушкување на телефонските разговори, што е спротивно на новите реформски закони.

И да биде иронијата поголема, тоа не го демантираат со конкретни факти ни прозваната АНБ, ни техничкиот премиер и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Ваквата, веќе институционална потврда на можноста за незаконско прислушување на АНБ во целост ги оправдуваат и потврдуваат предупредувањата и обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. И претседателот Христијан Мицковски и потпретседателот Александар Николоски во неколку наврати повторија дека и они самите, и семејствата, но и целото партиско раководство се цел на физичко следење и оти се следат и нивните комуникации.

Отворањето на Пандорината кутија сосема основано го поставува прашањето дали во Македонија и натаму царуваат параполициски и подземни политички структури, кои се злоупотребуваат за дневно-политички цели и фактички продолжуваат да владеат со државата? Но, ова е само едната димензија. Другата, пак, исто така не е за занемарување, зашто укажува на можноста за предупредување на високи државни и партиски функционери од власта при евентуална нивна обработка од сферата на организираниот криминал и корупција. Зашто, токму министерот Чулев најави дека ќе следи објавување информации за вакви случаи.

-Поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање сега Агенција за национална безбедност незаконски се‘ уште има можност да прислушува затоа што оптичкиот кабел, кој наместо од Оперативно техничката агенција (ОТА) директно да оди до МВР, продолжува и до АНБ, изјави на вчерашната прес-конференција министерот Чулев.

Истовремено Чулев го праша актуелниот премиер и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски зошто не ги спровел законите насочени кон реформи на процесот на следење на комуникациите и зошто и покрај препораките на Прибе не презел активности за отстранување на посредничката улога на АНБ за прислушување за кривични истраги кои ги води МВР. Чулев го повика Обвинителството да го истражи случајот за да се утврди дали АНБ се‘ уште ги прислушува граѓаните.

Одговорите на прозваните во најмала рака можат да се оценат како контроверзни.

-Тврдењата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев во целост ги отфрламе како невистинити и тенденциозни. Опремата за следење на комуникации со кои располагала поранешната УБК е предадена на Оперативно техничката агенција, на ден 27.10.2018 година, за што е изготвен соодветен записник за примопредавање потпишан од директорите на УБК и Оперативно техничката агенција. Агенцијата не располага ниту со опрема за прислушување, ниту со медијациски уреди за активирање, возвратија од АНБ.
Но, суштината не е во опремата, туку во можноста за прислушување, односно во оптичкиот кабел што се уште е во рацете на АНБ. А, тоа АНБ не го демантира. Зашто, опремата може да се предаде и за рекордно време може да се набави нова.

Демант на АНБ стигна и од техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој не гледа ништо спорно во тоа што АНБ се‘ уште може да прислушува телефонски разговори во согласност со законите.

-АНБ има право на следење на комуникациите, што се однесуваат на заштита на уставниот поредок и високата корупција и заштита од криминал, изјави тој.
Ако АНБ има право на следење на комуникациите, како што вели Спасовски, тогаш како тоа ќе го прави ако нема техничка опрема? Клучното прашање е дали АНБ следењето на комуникациите треба да го прави и натаму самостојно и директно преку оптичкиот кабел или, пак, преку новоформирана ОТА? Контрадикторните ставови на Спасовски и АНБ не даваат одговор на овие прашања.

Според новите закони, кривични истраги со следење на комуникации може да изведуваат Секторот за организиран криминал на МВР, финансиската полиција и царината, кои ги спроведуваат истрагите и мерките со обвинителството, но без посредништво на АНБ, која е задолжена за борба против тероризам, висока корупција и антидржавно дејствување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This