Шeшeљ: Byчиќ ќе го “ckинат” aкo нe го пpизнae Kocово – 3aмeшaни ce голemи стpaнски cлyжби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот политичар, Воислав Шешељ во утринската програма на ТВ Хепи изјави дека е загрозена безбедноста на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Шешељ тврди дека Американците очекувале од партијата на Вучиќ да ја признаат независноста на Косово.

Кога Американците сфатија дека нема да биде ништо од тоа, тие започнаа да го бараат вистинскиот лидер на прозападната опозиција.

Меѓутоа, кога ни тој план не им успеаа, тогаш тие започнале да роварат во партијата СНС на Вучиќ.

Шешељ изјави дека и француската разузнавачка служба била вклучена во сè. Лидерот на радикалите вели дека српските служби регистрирале вмешаност на Франција.

Сега, кога странците сфатија дека е невозможно да се замени Вучиќ во СНС, тие имаат намера да го ликвидираат.

Вучиќ е загрозен и мора да се грижи за неговата безбедност, рече Шешељ.

Инаку, минатогодишните насилни протести во центарот на Белград беа обид за соборување на српскиот претседател и лидер на СНС Александар Вучиќ, пишуваат српските медиуми.

Тие протести се случија минатиот јули, а дека имало саботажа во спречување на нападите на хулиганите покажува и фактот дека само 20 полицајци биле распоредени пред Собранието за време на упадот и седуммина пред РТС, како најголеми жаришта на протестите таа вечер.

Тие насилни протести беа обид за соборување на претседателот на Србија и водачот на СНС, Александар Вучиќ, но не само од револтираниот народ, како што беше претставено на почетокот, туку и од еден одметнат дел од безбедносните кругови.

Обидот за соборување на режимот, започнал од внатре, внимателно испланиран и координиран од поединци од полицијата кои сакале да ги искористат демонстрациите за нивните политички амбиции.

Постојат сомневања дека хулиганите добиле упатства од некој од полицијата и дека имало за цел да предизвикаат голем политички хаос.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This