March 28, 2024, 11:45 am

Шабан Шаулиќ има тестамент: Откриено кому ќе му припаднат 2,4 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Легендата на народната музика Шабан Шаулиќ пред два дена имаше тешка сообраќајна несpеќа во Германија, а во автомобилот со него беше неговиот музичар Мирсад Кериќ кој управуваше со возилото, како и неговиот кум Слободан Бобан Стојадиновиќ.

Извори, некои од најблиските пријатели на Шабан, рекле дека кралот на народната музика имал тестамент кој го оставил на својот адвокат.

-Тестаментот е направен во семејната куќа на Шаулиќ во присуство на Гоца. Во него е наведено дека на сопругата ѝ остава вила вредна милион евра, во кој има доживотно право на уживање, после што ќе ја наследат внуците и децата. Покрај тоа, куќата во Крчедина ја остава на внуците, додека трите стана во Белград ги расподелил на трите деца – пишува Србија денес.

Покрај недивижнини, Шабан на својата сопруга ѝ оставил и заштеда на нејзино име.

Пред само четири дена популарниот пејач на народната музика на сопругата Гордана, со која беше во брак 43 години и честиташе роденден а под објавата сега многумина оставаат пораки за сочуство до семејството.

„Јас денеска ја подигам чашата за сите убави години кои се зад нас и за оние кои допрва ни доаѓаат. Среќен роденден, сакана моја Гордана“, напиша тогаш Шаулич , денеска на истата објава многу негови фанови не можат да поверуваат што се случило.

Со сопругата Гордана Шаулиќ беше во брак 43 години, освен 20 дена колку што беа разведени. Во младите денови Шабан често излегувал по кафани и пиел, а сето тоа сопругата тешко го поднесувала, па затоа во 1985 година побарала развод.

Минатата година и реков „Па може ако така сакаш“. Ми даде некои документи кој ги потпишав мислејќи дека се шегува. Меѓутоа кога се отрезнив сфатив дека била озбилна и дека навистина се разведовме. Со децата замина кај нејзиниот татко. Неможев да заспијам со денови, ми недостигаа, велеше тој.

Гордана потоа му даде втора шанса па повторно се венчаа, а набрзо после тоа автобиогравската песна „Гордана“ и ја посвети токму на неа. Што е доказ за големата љубов која ја имал кон сопругата.

Позади него останаа две ќерки, Илда и Санела и синот Михајло.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This