ШТО ИМ НУДЕЛ МИЛОШЕВИЌ НА САД: Пред бомбардирањето нудел влез на СР Југославија во НАТО и автономија за Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На почетокот на март во 1999 година, само еден месец пред бомбаpдирањето на Србија, Слободан Милошевиќ преку својот генерал во Пентагон испратил последна понуда за да ги спречи воздушните напади.

Но, челниците на САД и на НАТО не биле премногу заинтересирани и сликовито објасниле дека „возот веќе тргнал од станицата“, пишува „Република.рс“.

Во понудата Милошевиќ нудел СР Југославија да влезе во НАТО, а Косово да добие широка автономија каква што дотогаш не била видена. Албанците самите требало да ги бираат судиите и обвинителите а Парламентот на Косово да биде дводомне со албанско мнозинство.

Милошевиќ нудел и инвестиции на Косово а албанските политичари да не бидат кривично гонети, но сето ова не било доволно за САД.

https://www.youtube.com/watch?v=XmfLJGQZxlE

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This