April 19, 2024, 11:13 pm

ШТО НОСЕШЕ МИСТЕРИОЗНАТА ЦИСТЕРНА КОН КОСОВО: Скапите мотоцикли на Заев вршеа „ескорт“ на патот Скопје – Блаце?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Редакцијата на „Инфомакс“ од утринава се обидува да добие информација во врска со цистерната која денес го помина граничниот премин „Блаце“ кон Косово, а беше следена од неколку моторцикли со струмички регистарски ознаки сродни на регистарските таблички на мотоциклот кој го возеше премиерот Зоран Заев, а регистриран на „Тотал Инженеринг“ – семејна компанија на Заеви

 

Четири бели моторцикли марка БМВ сите со струмички регистарски таблички кои почнуваат на бројката СР – 1600, следејќи го примерот на регистарската ознака на моторциклот на премиерот Заев СР-1600-ЗЗ, утринава заедно со немаркирана цистерна го поминаа граничниот премин Блаце.

Во текот на целиот ден редакцијата на „Инфомакс“ се обидуваше да дознае која е содржината на стоката која се превезуваше во камионот, имајќи во предвид дека истата беше обезбедувана и ескортирана до граница од четирите бели БМВ моторцикли.

Премиерот Заев во неколку наврати се пофали со неговите добри фамилијарни врски и пријателството со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој освен за политичар важи и за сериозен бизнисмен на Косово, вреден неколку милиони евра. Дали, станува збор за некаков вид нелегална трговија, или пак обезбедување на стока која не смее да се изнесува од границите на Македонија, остана прашање на кое што не добивме одговор.

Како што може да се забележи од фотографиите, евидентно е дека мотоциклите возат во формација, односно два пред цистерната, а два позади цистерната. Не е јасно дали ја обезбедуваа цистерната, или пак се работи за коинциденција.

Три од моторциклите се регистрирани на правни лица, додека еден е регистриран на физичко лице. Сите се од Струмица.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This