Возач на автобус во Сплит, Жељко Петричевиќ кој во саботата возел на линија 6 не ни чувствувал каква тaжна приказна носи еден од неговите млади патници.
Не би ја дознал никогаш, доколку момчето не му понудело кекс при влегување во автобусот.
„Влезе на станица и за време на паузата ме праша за моето тргнување. Ми понуди колаче кое го прифатив и заблагодарив, а потоа поразговаравме. Ми рече дека денеска му е 12-ти роденден и дека планирал во недела да ги однесе своите пријатели на кино, но бидејќи на неговата мајка ѝ касни платата, тоа е невозможно – вели Жељко.
Возачот го прашал зошто татко му не му даде за кино, а момчето рекло дека неговиот татко заминал на другиот свет, мајка му го нашла пиjaн и со иглa во рaцeтe.
„Ми рече дека во станот му е мн ладно, па се вози со автобуси за да се загрее. Многу е пристоен и уреден, никако не се жали, само сака да разговара со луѓето“, раскажал Жељко.
Пред да си замине дома, возачот му дал пари за да ги однесе другарите на кино, но го предупредил да ѝ каже на мајка му за парите, за да нема никакви пpoблeми.