Јакимовски: Богоев го изигра законот, имал договорено закупец за адреналинскиот парк пред да почне да се гради

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот нa ГРОМ, Стевчо Јакимовски на социјалните мрежи го критикуваше градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, кој, изигрувајќи ги законските прописи, искористи донација од Европската унија за изградба на адреналински парк, кој потоа, под изговор дека општината не може да го одржува, го даде под закуп. Ова покажува дека Богоев, уште кога аплицирал веќе имал договорено на кого ќе го издаде овој објект.

„Дали се овие 900 илјади евра донација или се од буџетот на општината потполно е сеедно. Ова е пар екселанс ненаменско трошење на средства. Донацијата која ја побарал од ЕУ нема да се користи бесплатно за потребите на граѓаните, туку главна цел ќе биде остварување на профит на закуподавецот. Ова јасно покажува дека градоначалникот Богоев уште кога аплицирал веќе имал договорено на кого ќе го издаде овој објект.„Ова е перфиден начин на изигрување на законските прописи, на буџетот на општината и на граѓаните на Општина Карпош., пишува Јакимовски.

„Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, го излажал некој дека на граѓаните од оваа општина им требал адреналински парк.
Се им било токму, само што адреналинот требало да им се покачи. За таа намена аплицирал кај Европската Унија и добил 900 илјади евра, а од буџетот на општината е издвоено 80 илјади евра. Откако оваа милионска инвестиција е готова, тој вели многу скапо ќе биде одржувањето на овој објект и општината немала пари да издвои за одржување 60 илјади евра и затоа одлучил да го даде под закуп.
Се поставува прашањето, кој ѓавол те терал да аплицираш за адреналински парк како насушна потреба на граѓаните на Карпош. А сега вели тоа не ми треба, туку ќе го издадам под закуп и закуподавецот нека наплаќа билети и нека остварува профит.
Дали се овие 900 илјади евра донација или се од буџетот на општината потполно е сеедно. Ова е пар екселанс ненаменско трошење на средства. Донацијата која ја побарал од ЕУ нема да се користи бесплатно за потребите на граѓаните, туку главна цел ќе биде остварување на профит на закуподавецот.
Ова јасно покажува дека градоначалникот Богоев уште кога аплицирал веќе имал договорено на кого ќе го издаде овој објект.
Но, одлуката на совет гласи за издавање на неколку илјади метри квадратни на државно земјиште. Проценетата вредност е 13 милиони денари и на нејзе ќе се пресметува закупнина иако целата инвестиција заедно со земјиштето е некаде околу 1,3 милиони евра.
Убеден сум дека целта на издавањето не е адреналинскиот парк, туку земјиштето на кое потоа со дозвола за поставување на урбана опрема неговите другари ќе направат кафуле со тераса, разбира се.
Ова е перфиден начин на изигрување на законските прописи, на буџетот на општината и на граѓаните на Општина Карпош. Антикорупциската комисија ако не ја спречи оваа зделка, тогаш новата власт по сериозно ќе се позанимава со Богац, зошто и писмото на намери со невладината на Боки13 и Јасна Мандиќ „Меѓународен сојуз“ е основ за перење на 240 илјади евра од Амзовски, за наводен старски дом во Општина Карпош, а истите средства се уплатени кај Боки во ТВ1.
Не ми е јасно како толку млад ги научил овие шеми ?
Изгледа другарите му се такви!“, пишува ЈАкимовс

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This