ЈАКИМОВСКИ:Се претера со остапките што ги дадовме. Да менуваме устав, институции и имиња и историја .Ова ќе биде само една фаза од нашето разнебитување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во гостувањето во емисијата „Ѕид“, лидерот на политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски вели дека членството во НАТО е чисто политичко прашање. Според него, изјавата на Столтенберг прво да се промени името, па потоа ќе имаме влез во НАТО, е само една закана од негова страна.

 -И со овакви притисоци тие само го иритираат овој народ. Се претера со остапките што ги дадовме. Да менуваме устав, институции и имиња и историја ние допрва ќе имаме проблеми. Ова ќе биде само една фаза од нашето разнебитување. Јас сум убеден дека одговорот на граѓаните ќе биде соодветен на притисокот кој ни го прави. Ова е крајно понижувачки начин и никој не добил вакво понижување па дури и држави кои губеле војна и капитулирале, рече Јакимовски. 

Тој притоа додаде дека реформите се потребни за нас, но притоа додаде дека и политичкиот дијалог е многу важен. Според него начинот како се однесува Заев и СДСМ ќе ги отурнат од себе и оние неутралните. Јакимовски вели дека е уверен дека референдумот нема да пројде и дека народот нема да излезе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This