April 26, 2024, 10:18 am

Јована му ветила на Срѓан работа на ТВ К1 кај нејзиниот сопруг Жељко Јоксимовиќ и на крајот го „извисила“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јована Јоксимовиќ го „намести“ својот кум Срѓан Предојевиќ да си даде отказ на Прва ТВ, ветувајќи му сигурна работа во телевизијата на нејзиниот сопруг Жељко Јоксимовиќ – К1, за на крај да го извиси!

Водителската двојка направи хаос на работа во петокот затоа што утринската програма ја водеше Филип Чукановиќ, наместо нив, па во жарот на дискусијата со челниците на ТВ Прва, водителите си дадоа усмен отказ.
Меѓутоа, кога Срѓан сфати дека не може да ја добие платата што ја имаше дотогаш на К1 и дека не го сакаат на Пинк и РТС, тој реши да „ја свитка опашката“ и да се обиде да си ја спаси работата. Дојде на работа во понеделникот наутро, но обезбедувањето не сакаше да го пушти во зградата на телевизијата.

– Челниците на Прва полудеа затоа што Јована и Срѓан направија вистински скандал во петокот. Врескаа, хистерично и конечно вербалноси дадоа отказ. После тоа, тие започнаа да ја менуваат приказната, да молат да бидат вратени на работа, сепак управата реши да престане да соработува со нив. Јована и Срѓан се најплатените ТВ ичности во Србија. Тие имаат плата од дури 10.000 евра месечно и четири месеци годишен одмор, а постојано прават проблеми. Никој повеќе не сакаше да ги толерира – вели изворот во исказот за српски Информер.


Предојевиќ полуде кога сфати дека ќе остане без работа, и дека нема алтернатива затоа што му понудија многу пониска плата на ТВ К1 од онаа што ја имаше.

Целата оваа ситуација беше само уште една причина да се урне ионака веќе разнишаниот однос меѓу кумовите:

– Срѓан и Јована се во тивка војна од јануари. Се скараа за работата! Јована постојано доцнеше, а Срѓан ја покриваше. Едно утро полуде и не сакаше да влезе во студиото се’ додека не се појави неговата колешка. Кога дошла, тие се расправале пред целиот тим и оттогаш биле во затегнати односи. Во првиот час, утринската програма се емитуваше без водители, се емитуваа само снимени прилози. Оттогаш, тие престанаа заедно да ја водат програмата. Дури за време на летната пауза ја спуштија топката, од моментот кога Јована започна да го убедува да си дадат отказ и да прејдат во ТВ К1 кај нејзиниот сопруг Жељко. Изненаден сум што Срѓан потпадна под нејзино влијание и што не размислуваше за сè пред да направат скандал со Прва. Сега само тој е во загуба – заклучува изворот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This