Ќе го „јaде“ и Xан – Oбвинет е за кopyпција човекот кој ни го менуваше името на балкански начин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот весник „Либерасион“ покренува сериозни обвинувања против австрискиот политичар Јоханес Хан и поранешен еврокомесар за проширување, наведувајќи дека тој им дозволил на лобистите да го канат на лов и скапи вечери без да го пријави ова, како што е планирано пренесува Salzburger Nachriten, повикувајќи се на ORF и Der Standard.

Иако Хан ги негира обвинувањата, австриските медеиуми пишуваат дека тој присуствувал на ловечка забава во декември 2015 година, која ја платило белгиското лоби на сопственици на земјиште (ELO). Според „Либерасион“, тој имал обврска да го пријави неговото учество во Комисијата според кодексот на однесување.

Портпаролот на Хан изјавил дека поканата од поранешниот еврокомесар била „чисто од приватна природа“.

-Беше во друштво на негов пријател кој има дозвола за лов. Затоа, не беше потребно ова да се внесе во регистарот за транспарентност, вели портпаролот на Хан.

Според „Der Standard“, a како што наведува Salzburger Nachriten, Хан има уште еден конфликт на интереси. Во јуни оваа година година трипати се сретнал на вечера со австриската претставничка во Комисијата на ревизори, Хелга Бергер, која сметките од вечерата ги проследила за наплата до ревизорската комисија. Од кабинетот на Хан објаснуваат, дека овие средби се „дел од редовната размена што тој ја има со претставници на институции/организации кои се поврзани со активности во контекст на неговиот ресор.

-На тие средби имаше и претставници од други институции. Не беше потребен упис во регистарот за транспарентност, велат од Кабинетот на Хан.

Секој што ќе го слушне името на Јоханес Хан, прво што му доаѓа на памет е Договорот од Пржино според кој тогашната опозиција на чело со СДСМ без избори дојде на власт. Хан беше како домаќин во вилата на ЕУ на улицата Зеленгора во населбата Пржино.Таму му доаѓаа Зоран Заев, Никола Груевски, албанските лидери, тогашниот амбасадор на САД Џес Бејли..

Хан даваше изјави и во четири изутрина како тој договор е важен за земјата и оти треба да и се даде на опозицијата да влезе во владата, за како што велеше да има кредибили избори.

Договорот се потпиша а на изборите Хан нескриено навиваше и лобираше за СДСМ кој иако не победи на изборите направи влада со ДУИ.

Но, мешањето на тогашниот комесар за проширување не заврши тука. Тој се вклучи и во процесот на промена на името. Позната е онаа негова изјава кога побара на „балкански начин“ да се обезбедат пратеници за промена на Уставот. Неговиот совет го послушаа и така беа обезбедени оние осумина пратеници кои гласаа за промена на името.

Тој важи за контроверзен политичар.Доаѓа од Австрија има 64 години. Зад неговото име се врзуваат многу скандали.

Член е на Надзорниот одбор на казино компанијата „Новоматик која во 2014 година кога тој станува комесар го купува македонското казино „Фламинго“ во Гевгелија.

Неговото мешаање во внатрешните работи во Македонија продолжи и кога доби нова функцијата во ЕУ. Сега е комесар за корупција.Од таа позиција бараше од ВМРО-ДПМНЕ да се однесува како вистинска опозиција, па ветуваше пари за Македонија, имаше став за случајот „Рекет“, а даде и поддршка за владата на Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This