ЏЕНЕРАЛ МОТОРС И ЕЛ-ЏИ ЌЕ ЗДPУЖAТ CИЛИ: Ќе пpoизвeдyвaат бaтepии за eлeктpoмoбили

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компаниите „Џенерал моторс“ и „Ел-Џи Кем“ денеска објавија дека создаваат заедничко претпријатие за развој на производство на електрични автомобили на американскиот авто гигант.
„Џенерал моторс“ и „Ел-Џи“ во заедничка фабрика ќе произведуваат батерии за електромобили.

Според соопштението за јавноста, странките ќе создадат заедничко претпријатие со еднакви удели во кое ќе се инвестира 2,3 милијарди долари, пари кои ќе бидат употребени за отварање фабрика за батерии за електромобили „Џи-Ем“ лоцирана во близина на местот Лордстаун, во сојузната држава Охајо.

Во фабриката ќе се вработат 1.100 луѓе, а нејзината мoќнocт ќе биде 30 гигават часови годишно, со план за зголемување на мoќнocтa во иднина. Од американскиот производител на автомобили потенцираат дека новата фабрика ќе ја намали цената на батериите и со тоа автомобилите на електричен пoгoн на „Џи-Ем“ ќе станат подостапни за крајните потрошувачи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This