Објавено на:

Yбиcтвa и aтeнтaти низ Aлбaниja: Kpиминaлoт излегува од контрола

t

За бројните инциденти пред и по нова година во Албанија, се огласи и Претседателот Илир Мета: „Најостро ги осудувам криминалните настани од крајот на годината и првите денови од новата година, кои се случија во повеќе градови во државата, а особено кобниот настан на улицата „Дон Бошко“, во Тирана, вчера, кој завршил со убиство на граѓанин и со повреди на неколку други.

Ваквиот криминален чин, во една од најнаселените области на главниот град, не само што претставува отворен предизвик од организираните криминални групи за државата и нејзините институции, туку и сериозна закана за безбедноста и животот на самите граѓани на Тирана.


Ова е резултат на низа други кривични дела, кои останаа нерасчистени и каде сторителите не беа изведени пред лицето на правдата.

Ја повикувам државната полиција, како и сите органи на прогонот во државата, да ја засилат работата, најпрво да се уапсат сторителите на ова тешко кривично дело, но и да се зајакне соработката меѓу нив за спречување на вакви настани во иднина.„ – Напиша Мета на Фејсбук.

Генералниот директор на полицијата Гледис Нано свика состанок на сите полициски директори во окрузите, шефовите на редот и безбедноста во државната полиција и оние за тешки кривични дела.

Фокусот на средбата беше преземање итни мерки за спречување на криминални настани, приведување на барани лица и на оние кои со себе носат огнено оружје.

Албанските медиуми укажуваат дека средбата започнала во 10 часот, а доаѓа по тешкиот настан што се случил синоќа во Тирана каде се уште неидентификувани лица пукале со автоматско оружје кон кафеана во „Дон Бошко“ оставајќи загинат 35-годишник и 4 други повредени.

Ова е прва средба што се одржува меѓу високото лидерство на Албанската полиција за 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама: Разочаран сум од ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, се чини не…

Шолц: Западен Балкан може да му верува…

Германија ќе продолжи да ги поддржува земјите…

Албанскиот новинар Шабан Мурати: Белград има интерес…

Европските и балканските дипломатски кругови беа шокирани…

Македонија, Грција и Албанија конечно ќе се…

С. Македонија, Грција и Албанија конечно ја…

Рама: Можеби Путин е болен, но не…

Премиерот на Албанија Еди Рама денеска во…