Објавено на:

Албанија ќе лобира за прием на Косово во Советот на Европа

t

Претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола на средбата со делегацијата на косовското Собрание во Тирана вети дека ќе лобира во сите парламенти на земјите членки на Советот на Европа за поддршка на пристапот на Косово во таа организација, пренесува Газете експрес.

Делегацијата на Собранието на Косово, составена од потпретседателката Саранда Богујевци и пратениците Аријана Муслиу Шоши и Арбен Гаши, се сретнаа со претставници на албанскиот парламент во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

„На овие топли и пријателски средби се разговараше и за натамошно зајакнување на соработката меѓу двата парламента, во рамките на секојдневните парламентарни активности”, се вели во соопштението од Собранието.

На средбата се разговарало и за интензивирање на ангажманот и на парламентите и на делегациите во Парламентарното собрание на Советот на Европа, само неколку дена по поднесувањето на апликацијата на Косово за членство во Советот на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов рекорд за албанскиот туризам: 1,7 милиони…

Премиерот на Албанија, Еди Рама преку објава…

Косово ќе испрати два пакети воена помош…

Косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедонци денеска…

Србија формираше работна група што ќе го…

Владата на Србија формираше Работна група за…

Харадинај: Одлуката за укинување на динарот му…

По повод денешната рунда од дијалогот во…

Курти: Не сум против помош од Белград,…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска од северниот…