Блумберг: Европа се соочува со нова енергетска криза
Европа се соочува со потенцијално нова енергетска криза, бидејќи испораките на гас брзо се намалуваат, а намалувањето на испораките од Русија го става пазарот под дополнителен притисок, велат различни организации и експерти.
Цените на бензинот годинава поскапеа за 45 отсто, што ги зголемува трошоците за живот на домаќинствата и дополнително ја усложнува ситуацијата за претприемачите, особено индустриските сектори со големи потреби од енергија, пренесува Блумберг.
Кога зимата носи студено време и недостаток на ветер, потребата за греење и производство на електрична енергија се зголемува, а снабдувањето со гас брзо се намалува.
Иако Европа ја намали зависноста од руската енергија, сегашниот енергетски притисок укажува дека снабдувањето со гас ќе биде уште попроблематично во наредниот период, што може да доведе до дополнително зголемување на цените.
Извршниот директор на германската енергетска компанија Маркус Кребер предупреди дека Европа се уште има проблеми со снабдувањето со гас и дека целосната енергетска независност од Русија бара повеќе капацитети за увоз на гас.
Исто така, поради растечките тензии во Украина, може да се зголеми и притисокот на пазарот.
Условите за набавка на гас следната година може да бидат и отежнати поради намаленото снабдување со течен природен гас од САД и други извори, изјави главниот консултант на компанијата која се занимава со анализа на ризик и консалтинг во однос на светските пазари „Global Risk Management“, Арне Ломан Расмусен.
Цената на гасот во летните месеци сега е повисока отколку во зима, што значи дека би можело да биде уште поскапо снабдувањето со залихи во текот на целата година.
Лохман Расмусен додаде дека овие промени може да доведат до сценарио од 2022 година, кога Европа беше принудена да купува гас по рекордни цени.
Аналитичарите предупредуваат дека поради оваа енергетска криза може да биде загрозено производството во индустриите со високи трошоци за енергија, како што се автомобилската, хемиската и машинската индустрија, што дополнително може да ја дестабилизира економијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Блумберг: Европа се соочува со нова енергетска…
Европа се соочува со потенцијално нова енергетска…
Пронајден починат скопјанец во Драчево: Телото предадено…
На 22.11.2024 во 10.00 часот во СВР…
(Фото) Автобус од Македонија удрил во банкина…
Автобус од Македонија синоќа имал сообраќајна несреќа…
Три години од трагичната АВТОБУСКА НЕСРЕЌА во…
На денешен ден пред три години се…
СДСМ утре ќе одржи два Конгреса –…
СДСМ утре во Скопје ќе одржи два…