Болна работа: 13 години го чувал мртвиот труп на мајка му во дневната соба!

t

Полјак го мумифицирал трупот на мајка си и го ставил во дневната соба откако и го ископал гробот и ја однел дома. Тој сега се соочува со затворска казна. Грозоморното откритие било пронајдено откако роднина на 76-годишниот маж решил да го посети во неговиот дом во малиот град Радлин, југозападна Полска, пренесува „Дејли меил“.

Забележувајќи го како талка надвор, роднината решил да повика болничари. Кога влегле во имотот, го нашле мумифицираниот труп како лежи на каучот над куп весници кои датирале од 2009 година.

Портпаролката на полицијата Малгоржата Кониарска рече: „Добивме пријава во врска со откривање на тело од член на семејството на сопственикот на станот“.

Јоана Сморчевска од Окружното обвинителство вели дека според анализите, мумифицираниот труп е на жена, Јадвига Л., која починала во јануари 2010 година, а со тоа и на мајката на Маријан Л.

„Утврдено е дека гробот на Јадвига Л., каде што била погребана на 16 јануари 2010 година, останува празен. Веројатно човекот го ископал телото на мајката веднаш по неговото погребување, а потоа го мумифицирал и телото останало во оваа куќа од 2010 година“ велат од полицијата.

Се смета дека Маријан Л., кој живеел на само 300 метри од гробиштата, можеби го однел трупот дома со својот велосипед.

Шефот на канцеларијата на окружното обвинителство Марцин Фелстињски додаде: „Сè укажува дека човекот сигурно користел некои хемикалии за мумифицирање на трупот.

„Забележлив е мирисот на нафталин. Телото очигледно било во „совршена состојба“, без оглед на тоа што е мртво над 10 години“ вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се пребаруваат гробиштата во Злот: Еве каде…

Додека цела Србија се прашува каде е…

Продолжува потрагата по телото на Данка, притвор…

Потрагата по телото на убиената двегодишна Данка…

Силен ветер усмрти петмина граѓани на Полска

Пет лица загинаа денеска во планините Татра…

Полскиот премиер вели дека Европа минува низ…

Полскиот премиер Доналд Туск смета дека Европа…

Руска ракета навлегла во полскиот воздушен простор…

Рано утринава руска балистичка ракета полета околу…