Објавено на:

БОМБА: Бугарија спрема вето и нова историја за Србија?

t

Бугарија, охрабрена од поддршката што ја добива од Брисел за вметнување на историските прашања во пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, почна истиот метод да го користи и за соседна Србија, па прашање на време е кога Софија своите „историски забелешки“ ќе му ги испорача и на официјален Белград, доколку не сака и тој да се соочи со бугарско вето при отворањето на преговарачките поглавја.
Тест-балон неодамна пушти една бугарска невладина организација именувана „Воено-историски комитет“ со својот клуб „Полковник Христо Стојанов“, при библиотеката „Зора“ од Ќустендил, која неодамна ги повика своите членови и бугарските граѓани на екскурзија насловена „По патеките на 41. пешадиски полк – март 1917 година – чистење на Јастребац од разбојниците“. Во објавениот повик и на печатен плакат, оваа невладина организација ја навела трасата по која учесниците во походот ќе се движат од Ќустендил, преку Власина, Сурдулица, Лесковац, Ниш, Прокупље, до планината Јастребац, а сето тоа, како што е истакнато, по долината на „Бугарска Морава“.
Србите од југот на Србија овој поход на бугарската невладина организација, која дел од српските медиуми ја оквалификува како неонацистичка, ја доживуваат како скандал и провокација, како отворен екстремистички истап и промоција на масовни злосторства врз српското население за време на бугарската окупација и Топличкото востание во 1917 година за време на Првата светска војна.
Српските граѓани очекуваат Србија итно да реагира, притоа потсетувајќи дека бугарската окупаторска војска за време на војната извршила масовни злосторства над цивилното население во Пуста Река, Сурдулица, Прокупље и околината на Ниш и Крушевац.

Токму едно од најголемите злосторства направиле припадниците на споменатиот 41. пешадиски полк на бугарската војска во март 1917 година на планината Јастребац.
Покрај српските граѓани, реагираат и тамошните историчари, кои сметаат дека Бугарија е во кампања да ја глорифицира својата војска, која во историјата извршила голем број злосторства во овој дел на Балканот.


Тоа мислење го дели доцентот Дејан Антиќ од Департманот за историја на Филозофскиот факултет во Ниш, кој е убеден дека целта на оваа кампања е промоција и глорификација на бугарската војска, која во Првата светска војна, од 1915 до 1918 година, извршила страшни и масовни злосторства врз српското цивилно население.
Небојша Озмиќ, историчар и виш кустос во Народниот музеј во Ниш, истакнува дека во моментално зовриената политичка ситуација во Европа не се потребни акции од ваков вид, кои се провокативни и кои во суштина имаат цел да го одвлечат вниманието од главните проблеми.

– По сите правни регулативи, она што војската на Бугарија го правела во Големата војна на територијата на окупирана Србија, особено во 1916 и 1917 година, ги има сите елементи на геноцид. Потсетувам дека негирањето на геноцидот е казниво не само во сите земји-членки на ЕУ, од која дел е и Бугарија, туку и во другите европски и светски држави – појасни историчарот Озмиќ.
Очигледно официјална Софија се обидува црните страници од сопствената историја да ги избрише така што злосторничките походи ги претставува како ослободителни, наметнувајќи една поинаква бугарска историја, непоткрепена со никакви историски факти.
Македонија го чувствува тоа на својот грб повеќе од еден век, а особено во последните неколку години, кога официјална Софија стави вето за македонските евроинтеграции, условувајќи ја земјава да прифати една поинаква историја, во која бугарската војска не била дел од фашистичката коалиција и не извршила никакви злосторства врз македонското население, туку само „администрирала“ со државава за време на Втората светска војна.
Истиот модел Бугарија сега почнува да го користи и во Србија, а колку ќе успее, ќе покаже времето.

Извор: Нова Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот парламент контра Радев: Оружје во Украина…

Бугарскиот парламент го отфрли ветото што претседателот…

(Фото)УЖАС: Таткото на малиот монструм Кецмановиќ ја…

И сестрата на Коста Кецмановиќ заедно со…

Истражување: Србите имаат 50% словенска генетика, останатото…

Денешните Срби имаат околу 50-60 отсто словенско…

Хил: На маса не е признавање на…

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил во…

Орбан: Ќе стоиме со Србија ако ЕУ…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…