Објавено на:

Бомба од Русија: Азовците ќе се разменуваат за кумашинот на Путин?

t

Русија ќе ја проучува можноста за размена на заробените војници на украинскиот баталјон Азов за Виктор Медведчук, пријател на Владимир Путин, изјави рускиот пратеник и преговарач Леонид Слуцки. „Ќе го проучиме тоа прашање“, изјави Слуцки, член на руската делегација на последните преговори со Киев, одговарајќи на прашањето за можноста за таква размена, пренесува агенцијата РИА Новости.

Во изјавата што ја даде во сепаратистичкиот град Доњецк во југоисточна Украина, тој додаде дека за таквата можност во Москва ќе разговараат „оние кои се овластени за тоа“.

Виктор Медведчук (67) е политичар и богат украински бизнисмен познат како личност блиска до рускиот претседател. Во средината на април, Медведчук беше заробен во Украина бидејќи од почетокот на офанзивата на Кремљ кон крајот на февруари беше во бегство.

Медведчук е во домашен притвор од мај 2021 година под обвинение за „велепредавство“ и „обид за ограбување на природните ресурси на Крим“, украински полуостров анектиран од Русија во 2014 година.

Руската војска во петокот соопшти дека последните украински бранители на стратешки важниот Мариупол се предале откако со недели пружаа отпор од огромната челичарница Азовстал.

Меѓу нив има и членови на баталјонот Азов, единица која Кремљ ја смета за „неонацистичка“, а Киев сака да си ја врати назад во замена за руски затвореници.

На 26 мај, рускиот Врховен суд треба да го разгледа барањето за прогласување на баталјонот за „терористичка организација“, што би можело да ја отежне размената на затвореници. Лидерот на сепаратистите во Доњецк Денис Пушилин во саботата оцени дека треба да им се суди на украинските војници кои ја бранеа фабриката Азовстал и кои се предадоа.

„Мислам дека судот е неизбежен: правдата мора да победи“, рече Пушилин, пренесе РИА Новости, на прес-конференцијата на која зборуваше и Леонид Слуцки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјите на НАТО формираа заедничка мисија во…

Земјите на НАТО формираа заедничка мисија во…

Лавров: Кина го предложи досега најразумниот мировен…

Кина го предложи досега најразумниот мировен план…

Волстрит журнал: Макрон ќе испрати 1.500 војници…

Францускиот претседател Емануел Макрон им порача на…

Руските банки ќе ги простат кредитите на…

Банките самостојно ќе ги отпишуваат кредитите на…

Нова скандалозна изјава на Медведев: Ликвидација на…

Украинското раководство ќе се соочи со судбината…