(Видео) Апасиев ја подбра Бисера: Финансирате детски песнички за УЧК, а старата велешка архитектура пропаѓа!

t

Пратеникот Димитар Апасиев вели дека културното наследство во Велес пропаѓа и не е задоволен од одговорот на Министерството за култура зошто не преземаат ништо иако има извршено решение за итна заштита. Тој рече дека министерката Бисерa Костадиновска-Стојчевска допир со култура има колку тој со нуклеарна физика.

„Велес е познат по својата стара градежна архитектура. Вие сте професор по англиски, а со култура имате допир колку јас со нуклеарна физика, па не сте експерт на темата. Но, можете да консултирате експерти. На пример, дел од овие куќи се учат на универзитетот Сорбона.

Само вие смејте се, бидејќи додека имате пари да финансирате пеење детски песнички за УЧК, нашето културно наследство пропаѓа за нас. Има 15 куќи во Велес, четири куќи презема општината, наместо вас, во добра состојба се само три, додека другите се паднати или пред паѓање.

Донесено е извршно решение со кое одредени објекти се ставени како културно наследство во опасност и две години не се постапува по тоа, а не да ми цитирате диспозитив од решение.

Јас ве прашувам: Што треба да направите ако итна мерка не ја преземате две години? Уште колку куќи треба да паднат за да сфатите дека сериозно е прашањето?”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобилот на исчезнатиот фризер од Велес е…

Пред два дена во скопско Бразда бил…

(Документи)СКАНДАЛ ВО ВЕЛЕС: Местеле тендер за да…

Плодна е "љубовта" меѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ…

Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…

Пратеник по Устав и по Деловник има…

Покана за промоција на Монографијата посветена на…

Неодамна излезе од печат Монографијата посветена на…

Приведена наставничка од Неготино по пријава е…

Наставничка од Неготино била приведена вчера попладне,…