Објавено на:

(Видео) ДЕМОНСТРАНТИТЕ ЗАПАЛИЈА АВТОБУСИ, ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИЈАТА: Речиси еден милион лица повторно на улиците во Франција..

t

Полицијата соопшти дека привела 22 лица и ги растерала демонстрантите кои го палеле ѓубрето насобрано поради повеќенеделниот штрајк на вработените во градското чистење.

На денешниот десетти протест против пензиската реформа ширум Франција учествуваа 740.000 луѓе, а во Париз 93.000, соопшти полицијата.

Синдикатот ЦГТ соопшти дека денеска во Париз имало 450.000 демонстранти, а повеќе од два милиона во цела Франција.

Ова е помалку од протестот на 23 март, кога според полицијата низ земјава протестирале 1,08 милиони луѓе, а според синдикатот дури 3,5 милиони. Само тој ден во Париз, според полицијата, имало 119.000 демонстранти, а според синдикатот имало 800.000.

Како што наведуваат странските агенции, протестите се во многу тензична атмосфера, во време на стагнација на дијалогот меѓу власта и синдикатите, а насилство имаше и попладнево во Париз.

Полицијата соопшти дека привела 22 лица и ги растерала демонстрантите кои го палеле ѓубрето насобрано поради повеќенеделниот штрајк на вработените во градското чистење.

Денеска имаше протести низ цела Франција: во Бордо, Нант, Рен, Марсеј, Тулуз, Брест, Стразбур и Ница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Легендата на Арсенал доби дрес од Вардар

Легендарниот фудбалер на Арсенал, Сол Кембел кој…

Идната Влада да ја прифати новата систематизација…

Или идната Влада да ја прифати новата…

Транспортирано болно лице од Унгарија до Македонија…

Денеска беше реализиран успешно транспорт од Унгарија…

Израел има намера да постави 10.000 шатори…

Израелските медиуми јавија дека Израел има намера…

Убиена жена во Пеќ, втор случај на…

Женско лице е убиено утрово во градот…