(Видео) Матурска прослава во Босна излезе од контрола, мајки се степаа за позиција на црвениот килим
Матурската вечер во градот Цазин во Босна и Херцеговина минатата недела донесе и непријатен инцидент – за време на прославата дојде до жестока расправија, а потоа и физичка пресметка меѓу две мајки на матурантки, пренесоа босанските портали.
Според присутните, конфликтот се случил поради туркање за најдобра можна позиција покрај црвениот тепих за да се фотографираат матурантите. Очевидците велат дека ситуацијата брзо ескалирала од вербален во физички конфликт. Низ салата одекнувале извици и вресоци, а прамени коса останале расфрлани по подот.
Во инцидентот потоа се вмешале и други родители, а повеќето луѓе во салата, професорите, матурантите и другите присутни останале во шок, додека дел од нив се обидувале да ја смират ситуацијата.
Била повикана и полицијата, која интервенирала за да спречи конфликтот да ескалира уште повеќе и да воспостави ред. На социјалните мрежи се издвои коментарот дека децата славеле матура, збор кој буквално значи зрелост, созревање, а очигледно е дека дел од нивните родители сè уште немаат созреано.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Матурска прослава во Босна излезе од…
Матурската вечер во градот Цазин во Босна…
Во руски напади погоден комплексот каде што…
Руските напади во Украина, со балистички ракети…
(Видео) Нов обид за атентат на Трамп?!…
Две лица се ранети во пукотница во…
Филипче: Мисијата на Кирил и Методиј е…
Претседателот на СДСМ Венко Филипче упати честитка…
Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години…
Зар не паѓа дожд од Бога на…