(Видео) Османи одби да каже дали Македонија била окупирана од фашистичка Бугарија

t

Министерот Бујар Османи во вчерашна емисија на домашните медиуми одби искрено да одговори за тоа што сите го знаеме, за да не ги налути бугарските власти на чии интереси служи.

По низата на скандали со т.н. “историска комисија” на која и претстои “толкување” на историјата од минатите два века, сега, Министерот дозволи да увидиме во која насока се движат работите.

Јасно е дека властите имаат за цел да ја рехабилитираат фашистичката историја на штета на партизанската и македонската – во целост. За Владата, синтагмата “бугарската фашистичка окупација” е недозволива, додека спомените за фашистичкиот државник како причинител на несреќите на Македонците и македонските Евреи, вредни за бришење од колективната меморија.

Како што вели Османи, политичарите од Владата нема да ја интерпретираат историјата – тоа е оставено на т.н. “историска комисија”, за чии резултати сме веќе запознаени. Целта на тие политичари, сепак, е да ја спроведат анти-македонската, антисемитска и ревизионистичка агенда.

Прашањето кое го налути Османи и кое одби да го одговори, гласеше:

“Дали Македонија во Втората светска војна била окупирана од бугарската фашистичка држава, под Цар Борис Трети, по кој е именувано ново контроверзно здружение во Охрид – сојузник на оската Рим-Берлин-Токио, еден од актерите во “конечното решение” за “еврејското прашање” на Хитлер, и дали најголемиот дел од Западна Македонија, под окупација на фашистичка Италија, подоцна беше окупациско подрачје препуштено на анектирање од квислиншка Албанија на чело со балистичкото движење?”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…