Во Тетово се одвива гласање на болни, немоќни, притвореници и затвореници за изборите за советници

t

Со гласањето на граѓаните во домашни услови поради болест или изнемоштеност како и притворениците и затворениците денеска во Тетово започна гласањето за вонредните избори за избор на членови на Советот на Општина Тетово закажани за утре, сабота 20 август.

Според информациите на членовите на Општинската изборна комисија Тетово денешното гласање на овие групи на граѓани започнало во 7 часот и се одвива без проблеми.

-Како болни и немоќни лица се пријавени 24 лица жители на Општина Тетово во чии домови ќе се одвива гласањето. Како жители на Општина Тетово кои се во притвор или на издржување на затворска казна во сите установи низ државата се евидентирани вкупно 92 лица. Само во затвор Тетово има 23 лица, информира Назми Даути, секретар во ОИК Тетово.

Во избирачкиот список за Општина Тетово се евидентирани 84.071 гласач кои во текот на утрешниот изборен ден ќе може да го остварат правото на глас на едно од 117 избирачки места во градот Тетово и неколкуте рурални населени места. За 31 едно место во Советот на Општина Тетово доверба од гласачите бараат дури 403 кандидати од 13 кандидатски листи.

-За гласање граѓаните на избирачкото ливче имаат избор од 13 листи со кандидати за советници предводени од 11 партии и две групи на избирачи, информираат од ОИК.

Со овие избори Тетово ќе добие нов состав на Советот, откако досегашниот избран на локалните избори во октомври 2021 година прекина да функционира во април поради немање мнозинство. Во мај годинава Владата го разреши тетовскиот Совет по што се донесе одлука за нови вонредни избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен скопјанец поради продажба на пиротехника

Денеска (16.12.2023) околу 14.00 часот на подрачје…

УЖАС ВО СКОПЈЕ: 23-годишно момче силувало малолетничка..

Во полициската станица Центар во Скопје, денеска…

Градоначалникот на Монако и уште четири лица…

Градоначалникот на Монако, Жорж Марсан, е обвинет…

,,МВР да отвори најмалку 10 пунктови за…

МВР не успеа да организира издавање лични…

Возило на МВР удрило во пешак во…

На 15.12.2023 во 15.55 часот во СВР…