Ги молел да не го тепаат и плачел по мајка му: Афроамериканец до смрт претепан од полицајци во Мемфис

t

Полицијата во Мемфис објави дека ќе објави видео од нападот врз 29-годишниот Тајри Николс, Афроамериканец кој почина три дена откако полицијата го запре и употреби прекумерна сила.

Петмина сега поранешни полицајци во Мемфис се обвинети за убиство. Тие првично беа во притвор и обвинети за убиство, но сите се ослободени со кауција која поединечно изнесувала меѓу 250.000 и 350.000 долари.

Семејството и адвокатот на убиениот Николс, во интервју за „Си-Ен-Ен“ најавија дека ќе биде објавено видеото од камерите што ги носеле полицајците. Јавноста се уште ја нема видено снимката, но членовите на семејството и нивните адвокати ја виделе. Адвокатот Бенџамин Крамп тврди дека Тајри Николс молел и плачел по својата мајка.

Ве викаше три пати, плачеше по мајка му“, ѝ рекол Крамп на мајката на Тајри, Раувон Велс за време на интервјуто.

Адвокатот вели дека јавноста ќе ги слушне последните зборови што ги кажа Тајри.

Последните зборови што Америка ќе ги слушне се плачот по мајката што го трогнува срцето. Видеото трае повеќе од еден час“, вели адвокатот.

Мајката на Тајри, Раувон Велс, и неговиот очув, Родни Велс, за Си-Ен-Ен велат дека полицајците првично им кажале дека тој бил уапсен поради возење под дејство на алкохол.

Таа вели дека полицајците и рекле дека му ставиле лисици, го удриле со палка и го однеле во болница, но не ѝ било дозволено да оди да го види бидејќи наводно бил приведен.

Неколку часа подоцна ѝ се јавиле од болницата и ѝ кажале дека Тајри имал срцев удар и дека неговите бубрези откажуваат.

Таа вели дека нејзиниот син бил „веќе починат“ кога таа и нејзиниот сопруг пристигнале во болница.

Го претепаа до смрт. Имаше модринки по целото тело. Главата му беше отечена како лубеница. Вратот му пукаше од оток, му го скршија вратот. И да преживееше, ќе беше како растение, вели таа.

Се очекуваат протести
Шефицата на полицијата во Мемфис, Серелин Дејвис, вели дека видеото ќе биде објавено во четири дела на канал на Јутјуб.

Видеото е поделено на четири различни сегменти поврзани со инцидентот, изјави таа за Си-Ен-Ен.

Таа вели дека нападот бил грозоморен, несовесен и нехуман.

Покрај тоа што ја водам полицијата, јас сум граѓанин на оваа заедница што ја делиме“, вели таа.

Граѓаните на Мемфис со нетрпение ја очекуваат снимката од злосторството, а планирани се и протести.

Се обрати и претседателот Џозеф Бајден, кој апелираше протестите да бидат мирни.

Се придружувам на семејството на Тајри во повикот на мирни протести. Бесот е разбирлив, но насилството никогаш не е прифатливо“, рече Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зимска бајка: Македонија под дебела снежна покривка

Прекрасното Крушево вечерва со снежна покривка од…

Битиќи: За 20 години од Македонија се…

После долги години на нефункционирање на Државниот…

Македонија се задолжи со нови 93,8 милиони…

Светска банка ќе обезбеди заем во вредност…

Поради дефект овој дел од Скопје ќе…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува,…

Вонредни парламентарни избори утре во Србија

Во Србија утре се одржуваат вонредни парламентарни…