Земал 10 милиони, не платил данок: Кривична пријава за скопјанец за даночно затајување

t

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Б.(54) од Скопје, осомничен за сторено кривично дело „даночно затајување”.

Пријавениот, во текот на 2021 година, како што соопштија денеска од МВР, на неговата трансакциска сметка примил 9.714.945 денари, но не пријавил и не платил данок на личен доход во износ од 10 проценти од вкупниот остварен доход.

– Ф.Б. не поднел задолжителна годишна даночна пријава до УЈП и не платил данок на личен доход од 971.494 денари и за тој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на исчезнатиот Самоил: Се сомневаме дека…

Помина година дена од исчезнувањето на Самоил…

15-годишно девојче и нејзиното бебе исчезнаа во…

15 годишно девојче и нејзиното бебе се…

Притвор за лицата осомничени за обид за…

Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и…

Тепаната ученичка од гимназијата „Јосип Броз Тито“…

Едно од девојчињата што претепаа 15 годишна…