Интегра се огласи за мега-аферата со грчкото прислушкување во Македонија: Треба да им се одземе лиценцата за работа и да се демонополизира македонскиот телекомуникациси простор!

t

Македонска конзервативна партија смета дека државата мора да стави ред во телекомуникацискиот сектор и на двете главни телекомуникациски компании Македонски телеком (заради судски докажаните коруптивни активности и поткуп на власта и опозицијата – СДС и ДРПНЕ, а со цел задржување и одржување на монополска позиција на пазарот) и еве сега компанијата А1, за судски докажана директна вмешаност во процесот на незаконско прислушување на Македонски граѓани и фирми (процес паралелен или истоветен со аферата за прислушкување од челниците на ВМРО-ДПМНЕ за време на 11-годишно режимско владеење) да им ја одземе лиценцата за работа и на меѓународен тендер да се внесат нови играчи на телекомуникацискиот пазар во Македонија, под строги и транспарентнни критериуми.

Ако Македонија сака да стане сериозна држава која реално остварува политички суверенитет над целата своја територија во денешните граници, мора да го ослободи пазарот од сите монополи, особено во телекомуникацискиот сектор. Тоа важи и за монополизираниот банкарски сектор, за монополот на Хеленик петролеум и Окта и увозот на нафта и нафтени деривати, потоа за ЕВН и целокупниот енергетскиот сектор и целосно преструктуирање на МЕПСО, рисет во управувањето и одржувањето на системот за пренос на електрична енергија, како и проширување на мрежата за да се овозможи масовен и зголемен по обем влез на големи инвестиции во сегментот на алтернативни извори на енергија.

Македонија страда од монополи, нивната суверена и неприкосновена позиција на пазарот изминативе децении, доведе до состојба да генерираат нето профитни износи во стотици милиони евра, средства кои го подјадуваат ионака скромниот буџет на македонскиот работен човек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на…

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј…

Штипјанец влетал со автомобилот во туѓ двор…

На 10.04.2024 во 21.30 часот во Кочани,…

(Видео) Оџата од Арачиново доби „мерцедес“ за…

Оџата од Арачиново за Рамазан Бајрам на…

Николовски: Нека е аирлија, рекордни 100 денари…

Денеска на сметките на околу 14.300 тутунопроизводители,…

Салиу: Ги повикуваме сите релевантни институции, меѓународните…

Ги повикуваме сите релевантни институции, меѓународните организации…