Каевски најавува повисоки плати и пензии од догодина: Годинава ги санирале последиците од крзата

t

Во првите 10 месеци од годинава, ги саниравме последиците од светската економска криза со два пакети мерки вредни 760 милиони евра.

Резултатите се веќе видливи, во тешки услови успеавме да обезбедиме доволно храна, струја, енергенси, да ги подджиме граѓаните компаниите и да ја спасиме македонската економија.

Секако дека има уште многу работа но врз основа на економските параметри и резултат може да кажеме дека 2023 ќе биде година на
економски пресврт и нова надеж.

Еден од инструментите за остварување на таа цел е Буџетот за 2023 кој ги комбинира антикризните мерки со развојните политики.

Со Буџетот за 2023 предвидени се дополнителни средства за исплата на плати и пензии, односно следната година повторно ќе имаме раст на минималната плата и на пензиите согласно новата методологија.

800 милиони евра се предвидени за капитални проекти, тоа се средства директна инвестиција во локалниот економски развој и во домашното
стопанство.

Дека 2023 година ќе биде многу подобра од оваа, потврдуваат и проекциите на ЕБОР кои предвидуваат раст на македонската економија од
2.3 отсто.

Тоа, меѓу другото ќе го постигнеме и со зголемениот број на странски директни инвестиции, со трансформација на енергетскиот сектор, нешто што веќе интензивно се случува ширум нашата држава.

СДСМ и претседателот Ковачевски имаат план кој обезбедува економски раст, подобар животен стандард и сигурна и стабилна иднина, пренесуваат од прес-центарот на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Џафери е добро решение за технички…

Сметаме дека Талат Џафери е соодветно и…

СДСМ: Мицкоски да излезе пред граѓаните и…

Од СДСМ порачуваат Христијан Мицкоски да не…

Се очeкува Јован Митрески да биде предложен…

Неофицијално се дознава дека на овој состанок…

Ковачевски ќе биде носител на пратеничка листа…

Премиерот Ковачевски вечерва во интервју за "360"…

Исфрустрирани кретени од ДПМНЕ и СДСМ, вие…

Трагично е што двете најголеми политички партии…