Ковачевски оствари средба со Мишел

t

Европскиот предлог за отпочнување на преговорите за Македонија ги вклучува сите македонски позиции и забелешки и дека преговорите може да почнат веднаш по негово одобрување. Предлогот предвидува чист македонски јазик, еднаков со останатите јазици на земјите членки на ЕУ, потенцираа на денешната средба премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Како што информира владината прес-служба, на средбата од страна на претседателот на Европскиот совет Мишел уште еднаш беше потенцирана поддршката и заложбата на Европската Унија за почеток на преговорите со Македонија, посочувајќи дека ова се клучни моменти за напредокот на нашата држава од економски, политички и социолошки аспект.

Премиерот Ковачевски истакна дека поддршката на Европската Унија во процесот на интеграција на Македонија е од особено значење за државата во исполнувањето на основата стратешка цел, а тоа полноправното членство во ЕУ.

При тоа премиерот Ковачевски на средбата потенцираше дека во изминатите денови предлогот од француското претседателство беше дискутиран на консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите, како и со опозициските партии.

Во рамки на посетата, претседателот на Европскиот совет Мишел ќе присуствува на денешната владина седница, а потоа со премиерот Ковачевски ќе одржат заедничка прес-конференција за медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

За сечиј вкус: Атомски фудбал вечерва во…

Вкупно десет гола и еден куп возбудувања…

Груевски: Жалам што после седум години ветување…

Пишува Никола Груевски на социјалните мрежи: УНИВЕРЗАЛНА…

Салиу: Ако нешто ми се случи одговор…

Вчера на емисија на национален медиум Драган…

Николас на 7 години е убиен додека…

Тогаш седумгодишниот Николас заминал на одмор со…