Левица: Две години МВР со Тошковски не презема никакви дејствија за надзорот врз „Бехтел и Енка“

t

Цели две години МВР со Панче Тошковски не презема никакви дејствија за криминалот со фирмата за надзор над проектот со „Бехтел и Енка“, иако во јавноста беа објавени сериозни сомнежи за милионски злоупотреби и енормни хонорари. Според информациите од обвинителството, предметот практично тапка во место поради непостапување на МВР во предистрага која трае две години, за која обвинителството пратило и ургенции до МВР, се вели во соопштението од Левица.

Од партијата велат „Во меѓувреме, се менува сопственичката структура во фирмата за надзор „Електра Солушнс“ и нов сопственик станува Бојан Савески – кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен соработник на Коце Трајановски. Со тоа, ДПМНЕ од наводен критичар на криминалниот договор со „Бехтел и Енка“ стана директен учесник во шемата од која се вртат милиони евра народни пари“.

„Особено симптоматична е улогата на „Електра Солушнс“ – фирма која јавноста ја памети како компанија за долен веш, а која подоцна доби околу 8 милиони евра од надзорот над коридорите. Токму ВМРО-ДПМНЕ, додека беше во опозиција, јавно прашуваше како фирма за долен веш добива милионски договори за стратешки инфраструктурен проект. Денес, кога нивни луѓе влегуваат во структурата на надзорот, за истата фирма и истиот криминал – Мицкоски молчи. Јавно објавените информации покажаа и вртоглави суми за ангажираните експерти од Македонија преку оваа фирма: по 20.000 евра месечно за надзорни инженери и дури 300.000 евра по преговарач!

Панче Тошковски и МВР уште еднаш покажаа дека ветувањата за одговорност за историскиот криминал со „Бехтел и Енка“ биле само предизборна лага. Откако Артан Груби им „избега“, па сам се врати без институционална реакција, сега истите структури го штитат и криминалот со „Бехтел и Енка“. ДПМНЕ не само што не го гони историскиот криминал со „Бехтел и Енка“, туку очигледно реши да стане дел од него“ е ставот на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Две години МВР со Тошковски не…

Цели две години МВР со Панче Тошковски…

Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Уапсен жител на тетовско Камењане, лажно пријавил…

Полициски службеници од Полициското одделение Камењане вчера…

СДСМ: ВМРО од Македонија прават црна точка…

„После изјавата на Мицкоски дека за ЕУ…

Манасиевски: Само специјалниот бугарски пратеник Филипче слепо…

Само специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче слепо…