Објавено на:

,,Македонската лига е најдобра, за две години се гледам во Јунајтед, Барса, Челзи..”

t

Рашид Содик е нигериски интернационалец, еден од многуте странци во македонската Прва лига и еден од неколкумината зимски засилувања на прволигашот Скопје од Автокоманда, кој толку се импресионирал од Македонија и нашиот домашен фудбал, што за нигериски медиуми ја претстави нашата елита како да е – Премиерлига.

Содик игра добро за Скопје, иако „пиратите“ не се сјајни и ги чека грчевита битка барем да обезбедат бараж за опстанок, но за нигерискиот дефанзивец после само три месеци откако дојде како слободен играч, импресиите му се толку големи, што дури најавува дека за две години се гледа како фудбалер на Барселона или на најголемите англиски премиерлигаши.

„Во Македонија има многу менаџери од многу различни земји, кои ја следат македонската лига и видов многу млади играчи кои заминаа во врвни лиги од тука. Оваа лига ми овозможува да се искажам, нуди многу шанси и јас само треба сето тоа да го оправдам на теренот. Верувам дека нешто големо ќе дојде за мене, а најважна е моментно посветеноста. За две години се гледам во некој гигант – Барселона, Челси, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Манчестер сити, Арсенал… Верувајте нема да престанам да работам додека не го остварам тоа. Тоа е мој сон и секојдневно напорно работам за да стигнам до највисоко ниво, а со помош на Бог – ќе успеам“, вели Содик.

Тој преку Ремо Старс замина во дански Фремад Амагер во 2018 година прво на заем, после со откуп на договорот, па замина во руска Аланија од Владикавказ, оттаму во ФДЦ Виста, со која на 1 јануари 2022 година ја прекина соработката, а после една година без клуб дојде во Автокоманда.

„За Македонија не знаев ништо, но видов дека луѓето се прекрасни. Прекрасна е и лигата, од тука е полесно да одиш во врвен клуб, ако го дадеш најдоброто и ако го покажеш квалитетот. Оваа лига помага да станете голем фудбалер. Македонската лига е една од најдобрите, но луѓето не се запознаени. Тука толку многу можности има, зашто добри партии ви носат преселба во врвен клуб. Јас до тука дојдов со напорна работа“, додава Содик.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гејминг-индустријата на Србија ги удвои приходите минатата…

Минатата година српската индустрија за игри заработила…

Водителка пронајдена мртва во стан во Белград

Безживотното тело на Б.Ј. (1977) е пронајден…

Вучиќ ни се налути: Коспонзорството на резолуцијата…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ коментирајќи го…

Даштевски: ДИК е подготвена да спроведе фер,…

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски…

Шолц: Војната во Украина би можело да…

„Никој не може да каже дали оваа…