МАЛ ХЕРОЈ СО ГОЛЕМО СРЦЕ: Дарио ја скрати косата за благородна цел!
Дарио Стојаноски, 7-годишно момче од Прилеп, со својот хуман потег покажа дека најчистата љубов доаѓа од детското срце. Дарио одлучи да ја скрати косата која ја растел цели седум години и да ја донира на холандската организација “Haarwensen”, која изработува перики за деца болни од рак.
Со поддршка од семејството, Дарио ја скратил косата, ја сплетил во плетенка и сега истата патува до Холандија, за да ги израдува децата на кои најмногу им е потребна.
Малото момче е пресреќно што со својот потег ќе донесе радост и надеж. Тој се надева дека неговиот пример ќе инспирира и други деца да ги растат косите и да ги донираат на оние кои се соочуваат со болеста.
Браво, Дарио! Твоите родители имаат со што да се гордеат!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МАЛ ХЕРОЈ СО ГОЛЕМО СРЦЕ: Дарио ја…
Дарио Стојаноски, 7-годишно момче од Прилеп, со…
Нова војна на повидок: Се разгорува конфликот…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Aрсовска удри по Мицкоски за мигрантите: Македонија…
Кој има трпение, нека го изгледа целото…
Британско разузнавање: Стармер подготвува центри за мигранти…
Британски разузнавачки извори тврдат дека премиерот Кир…
ЕУ усвои регулатива за враќање на нелегални…
Советот на ЕУ усвои регулатива со која…