Меџити: Започна уривањето на империјата на брзите кредити, на зулумот му доаѓа крајот

t

Еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, на социјалната мрежа Фејсбук истакнува се дека започнало уривањето на империјата на брзите кредити. Меџити, меѓу другото, потенцира дека борбата против брзите кредити не била само изборен слоган, туку ветување кое, како што додава тој, се претвора во дело.

Целосниот статус на Изет Меџити:

„Борбата против брзите кредити и коцкарската индустрија не беше изборен слоган, ниту изјава за медиумски наслови. Тоа беше ветување. Тоа беше заклетва пред граѓаните. И денес, ова ветување се претвора во дело.

И оваа борба ќе се обидат да ја попречат некои моќни интересни групи. Од подземјето, од организираниот криминал и од оние кои се богатат врз грбот на долговите, очајот и маката на семејствата. Но, нека им биде јасно, оваа борба не запира! И од ова ветување не се повлекуваме ниту еден чекор!

Одлуката за одземање на лиценцата на „Credi Yes“ и затворањето на нејзините 40 филијали е јасен сигнал дека времето на недопирливост завршува. Тоа е доказ дека институциите конечно дејствуваат против систем кој со години го оптоваруваше животот на граѓаните и погоди илјадници семејства.

Почитувани граѓани,

На зулумот му доаѓа крајот. Затоа што институциите дејствуваат. Затоа што државата им одговара на оние кои мислеа дека можат да владеат врз маката на луѓето.

Како што се обврзавме, јас и ВЛЕН ќе продолжиме да стоиме во одбрана на граѓаните. Против секој облик на финансиска изнуда. Против зависноста од коцкање. Против секоја шема што ги вовлекува луѓето во долгови, несигурност и очај.

Ова е непоколеблив ангажман. Ова е битка за правда. И оваа битка ќе оди до крај.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити го сака Чаир со срце, но…

Иако постојано јавно изјавува дека „Чаир го…

Мицкоски стана слуга на ВЛЕН

Мицкоски молчи пред криминалот на ВЛЕН, а…

А да ги ѕирнеше дивоградбите во Чаир?…

Вицепремиерот и министер за животна средина и…

Министерот Меџити најави околу Нова година нови…

Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека…

Меџити: Се залагаме во Македонија да не…

Демократско движење се залага во Македонија да…