Минималната плата во март 2026 ќе се зголеми до 2.000 денари, најавува Дурмиши
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во интервју за ТВ Шења зборуваше за минималната плата и методите за нејзино пресметување. Дурмиши нагласи дека одлуката за зголемување нема да се носи под притисок, и истакна дека во март 2026 година минималната плата ќе се покачи од сегашните 1.500 на 2.000 денари, зависно од резултатите од пресметката.
– Законот предвидува минималната плата да се одредува според просечната плата и трошоците за живот. Кога законските параметри ќе се усогласат во март, граѓаните ќе добијат повисока минимална плата. Формулата и методологијата за пресметка се усогласуваат од Економскиот и социјален совет, синдикатите, работодавачите и Владата, рече Дурмиши.
Според него, минималната плата се пресметува така што 50% се однесуваат на просечната нето плата од претходната година, а 50% на трошоците за живот. – Имајќи ги податоците за изминатите 11 месеци, очекуваме зголемување од приближно 1.500 до 2.000 денари, во зависност од финалните бројки, додаде Дурмиши.
Тој истакна дека Владата континуирано работи на зголемување на минималната плата и подобрување на стандардот на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Треба да се задолжам за да…
Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…
Владата е од друга планета?! Народот мака…
Мерките на Владата даваат позитивни резултати за…
Дали е сериозен? Ковачевски: Таму каде што…
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека таму каде…
Димовски: Да им се помогне на работниците…
Претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија,…
Текстилните работници реагираат: Платата е за преживување,…
Во Штип од денеска до 8 октомври,…