Нови детали: Лекарите се борат за животите на три од повредените деца во денешната сообраќајка на “Водњанска”

t

Три од четирите деца кои со „форд мондео“ околу 4.30 по полноќ се забиле во метална бандера и бетонска жардињера на булеварот „Мајка Тереза“, познат како „Водњанска“, се со многу тешки повреди и во животна опасност, потврдуваат за Канал 5 од ТОАРИЛУЦ – Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар.

Двајца од нив се во операциона сала, а лекарите се борат за да ги спасат нивните животи, велат оттаму.

Во меѓувреме, петнаесетгодишникот кој го управувал возилото е во стабилна состојба и завршил само со скршеници на подколеницата, информираат од „Осми септември“, градската болница каде тој бил донесен по незгодата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Кривичниот суд продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…

Трагедија во Турција: Тројца загинати во хеликоптерска…

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во…

Продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…

(Фото) Шокантни слики: Како се случи сообраќајната…

Шокантни се сликите од сообраќајната несреќа на…