Ноќна потрага по Стојанче – последната забележана трага ги збунува сите!

t

Полицијата и семејството на велешанецот Стојанче Клифов (48) интензивно трагаат по него, откако околу полноќ во сабота кон недела му се изгубила секоја трага. Неговото исчезнување го подигна Велес на нозе, а блиските апелираат до сите граѓани за помош.

Наташа, сестрата на Стојанче, за Викимедиа изјави дека брат и живеел со нивните родители и никогаш досега не се случило да замине без да каже каде оди. Овој пат, излегол од домот ненадејно и без трага.

Според информациите што семејството ги собрало, Стојанче излегол околу полноќ, а последен пат бил виден како се вози со такси кое го оставило кај маркетот „Жито“. Со себе го имал мобилниот телефон, но токму во таа зона, по излегувањето од возилото, сигналот му се изгубил.

Сестрата додава дека станува збор за крупен човек, висок околу 1,83 метри. Блиските се вознемирени и велат дека секоја информација може да биде клучна во потрагата.

Контакт број за јавување информации: 076 226 323.

Денес, семејството заедно со родителите официјално го пријавило исчезнувањето во полициската станица, а потрагата е во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ноќна потрага по Стојанче – последната забележана…

Полицијата и семејството на велешанецот Стојанче Клифов…

Лице со пиштол се заканувал и одзел…

Се преземаат мерки за расветлување на настанот,…

Германија ја зголемува минималната плата од 1…

Германија ќе ја зголеми минималната плата од…

Сијарто: Унгарија и Словачка бараат поништување на…

Унгарија и Словачка ќе поднесат барање до…