Обвинителството ќе го „чешла“ Петре Шилегов за набавката на противпожарната скала од 1.7 милиони евра

t

Обвинителството ќе ја чешла набавката на противпожарната скала која Петре Шилегов ја набави по двојно поскапа цена од онаа која беше набавена во Загреб, дознава Инфомакс од неофицијални извори.

Противпожарната скала која градот Скопје ја плати 1.7 милиони евра врз основа на договор парафиран од Петре Шилегов најверојатно ќе биде од интерес на Обвинителството поради несразмерно повисоката цена од онаа купена во Загреб, која иако идентична на скопската чини еден милион евра помалку.

Станува збор за набавката на возило со 45-метарска скала за Противпожарната бригада на Град Скопје. Набавката е извршена преку фирмата „Армор плус“, каде што сопственик е зетот на Викторија Аврамовска-Мадиќ, инаку секретар на град Скопје во време на Петре Шилегов.

И Скопје и Загреб купиле идентична скала на основа на „ивеко магирус МЛ42“. И двете имаат зголбна конструкицја, максимална висина од 45 метри, корпа со носивост од 400 килограми, исти пумпи и опрема. Практично идентични.

Пред изборите, Шилегов се правдаше дека скопската има дополнителна опрема како генератори за струја, фенови и нешто поголема носивост, но таа опрема според проценките на експертите не може да чини еден милион евра повеќе.

Од градот Скопје засега немаат дополнителен коментар по информациите дека Обивнителството се интересирало за овој предмет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…