Од три месеци до пет години затвор им се заканува на приведените од протестите пред Собранието!

t

Од три месеци до пет години затвор им се заканува на осомничените кои учествуваа на протестот на 5 јули, а кои се осомничени дека фрлале со предмети кон Собранието.

-Основното јавно обвинителство Скопје, во врска со настаните пред Собранието на Република Македонија на 5 јули, поведе постапка против осум полнолетни лица, за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, велат од Обвинителството.

Еве пак што стои во член 385 став 2 од КЗ.

„Ако при дејствувањето на толпата некое лице е лишено од живот или тешко телесно повредено или настапила штета од големи размери, учесникот во толпата за самото учество, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години“.

Осумината осомничени се млади, шестмина на возраст од 18 и 22 години, и по еден на 30 и 36 години. Пријавени се и тројца малолетници но за нив постапката ќе се води посебно, согласно Законот за правда за децата.

Од Обвинителството посочија и детали за дејствијата на осомничените.

-Осомничените, за време на јавен собир на граѓани, учествувале во толпа и заеднички дејствувале така што започнале да ја влечат заштитната метална ограда поставена од МВР. Oткако ја оттргнале оградата, со тврди предмети – камења, бекатон плочки, железни предмети, сообраќајни знаци, корпи за отпадоци, пиротехнички средства и молотови коктели започнале да фрлаат кон зградата на Собранието.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ана Брнабиќ избрана за претседател на Народното…

По тридневна расправа за избор на претседател…

СДСМ: Претседател се бира на непосредни избори,…

Остануваме на ставот претседателот на државата да…

Денеска ќе се бираат новите министри за…

Собранието денеска треба да ја продолжи 143.…

Изгласани измените на Законот за субвенциониран студентски…

Собранието попладнево со 74 гласа „за“, без…

(Видео) За влакно спречена тепачка: Нови тензии…

Како што беше случај во неколку наврати…