Поранешен градоначалник на Благоевград издал 246 лажни адреси на Македонци
Поранешниот градоначалник на село Рилци , Благоевградско – Живко Чукарски , ја призна вината и склучи спогодба со Окружното обвинителство во Благоевград за сторено документирано кривично дело поврзано со незаконско регистрирање на државјани од Република Северна Македонија.
Истрагата утврди дека Чукарски изготвил и потпишал 246 потврди за постојана адреса на живеење за македонски државјани , без тие всушност да бидат присутни во селото или да ги достават потребните документи за регистрација на адресата.
Во периодот 2016-2019 година, во селото Рилци биле регистрирани над 4.000 македонски државјани . Според истрагата, дел од регистрациите на адреси се вршени на непостоечки адреси, па дури и на празни полиња без достапни згради.
Иако голем дел од фиктивно пријавените македонски државјани веќе се одјавени од селото Рилци , проблемот со лажните адреси во регионот продолжува. Во соседното село Бело Поле се уште има повеќе од 10.000 македонски граѓани , кои мештаните никогаш не ги виделе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешен градоначалник на Благоевград издал 246 лажни…
Поранешниот градоначалник на село Рилци , Благоевградско – Живко Чукарски , ја…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Се зголемува бројот на македонски ученици кои…
Од 2012 година кога во основното училиште…
Намален бројот на Македонци во Црна Гора…
Според резултатите од пописот одржан во декември…
Македонците во Албанија бараат од Тирана да…
Единствената македонска партија во Албанија – Македонска…