Притвор за шверцерот на тешко oрyжje од Порој – Ја нападнале полицијата при претресот

t

Жителот на Порој кој вчера беше приведен откако кај него беше најдено оружје и муниција доби и мерка притвор.

Полицијата информира дека се обезбедени двајца негови роднини кои при претресот вчера нападнале полицаец.

Триесет дена притвор за Р.Л. (27) од тетовскиот Порој денеска му определил судија во претходна постапка на Основен суд Тетово. Тој ќе биде спроведен во Затвор Скопје за издржување на мерката.

Обезбедени се и две лица, роднини на Р.Л. кои се сомничат дека во текот на вчерашниот претрес физички нападнале полициски службеник на СВР Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на тетовската полиција.

Вчера при претреси на домовите на Н.А.(24) и неговиот роднина Р.Л.(27) во тетовски Порој пронајдени се три парчиња огнено оруже: 2 ловечки пушки, од кои една од американско производство и „хеклер“, над 170 куршуми од различен калибар, елек, футрола, ремен и 13 пакувања со остатоци од бела прашкаста материја. Потоа постариот жител на Порој е приведен во СВР Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Шпигел“: Во Бугарија откриено складиште за оружје…

Бугарските истражни органи откриле складиште со оружје…

Во Тетово формирана коалицијата „Европски фронт“ на…

Претседателите на четири политички партии денеска во…

МВР: Двајцата пожарникари се обиделе да го…

Секторот за внатрешни работи Тетово излезе со…

Ученик од основно училиште во Загреб составил…

Ученик во основно училиште во Загреб составил…