СДСМ: „10 милијарди евра за 10 години” – нова должничка замка, а нема развој
Владата на Мицкоски објави „10 милијарди евра за инфраструктурни проекти во наредните 10 години“. Ова не е развојна стратегија. Ова е нова должничка замка за граѓаните. Мицкоски веќе и додаде на Македонија преку 2,3 милијарди евра нов јавен долг за нешто повеќе од две години. Ако се реализира и дел од овие најави, долгот ќе надмине 12-13 милијарди евра, само нов долг. Тоа значи повисоки камати, поскапо задолжување и помалку пари за плати, пензии и јавни услуги. Покрај тоа, најавата предвидува само 57 километри автопат за 10 години – односно 5,7 километри годишно. Ова е крајно недоволно за сериозен економски раст и подобра поврзаност на земјата, се наведува во соопштението на СДСМ.
Од партијата велат „Уште поалармантно е што нема јасни извори на финансирање. ЕУ фондовите се блокирани поради отсуство на реформи, буџетот е празен, а странските инвестиции паднаа за 60 отсто“.
„Единствената преостаната опција е ново задолжување – што значи уште поголем товар за граѓаните.
Наместо да се фокусира на вистински развој преку продолжување на европскиот пат, подобрување на деловната клима, владата произведува пропагандни најави без финансиска и институционална подлога.
Резултатот ќе биде уште поголем јавен долг, послаб економски раст и долгорочно послаб животен стандард за граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: „10 милијарди евра за 10 години”…
Владата на Мицкоски објави „10 милијарди евра…
ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство на анкетите, СДСМ…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство на анкетите.…
Кузеска: СДСМ отвори ново поглавје за иднината…
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска –…
ВМРО-ДПМНЕ: Колку пари треба Богац да украде,…
Претседателот на СДС, Венко Филипче организирал некаква…
Димитријевиќ: Дали постои дил меѓу Мицкоски и…
СДСМ денеска од пред Јавното обвинителство побара…