СДСМ реагира на критиките на Мицкоски кон дел од обвинителството
СДСМ реагираше на критиките што премиерот Христијан Мицкоски ги упати кон дел од обвинителството за време на свечената академија на Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј, тврдејќи дека тој постојано му диктира задачи на јавниот обвинител Савески и оценувајќи го неговиот став како „скандалозна нарачка“.
Од опозициската партија велат дека ваквите изјави се причина зошто нема напредок во реформите и евроинтеграциите. „Затоа нема правда во Македонија, затоа нема реформи, затоа сме заглавени и со блокиран европски пат“, соопштија од СДСМ.
Воедно, од СДСМ побараа и оставка од јавниот обвинител, велат дека по овие изјави на премиерот, „најмалку што може да направи Савески е да си даде оставка, уште денеска“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ реагира на критиките на Мицкоски кон…
СДСМ реагираше на критиките што премиерот Христијан…
ВМРО-ДПМНЕ: Освежувањето и засилувањето на Филипче и…
Прес-конференција на Валентин Манасиевски, ВМРО-ДПМНЕ: Сите карти…
Мицкоски: Трпението е при крај за оној…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на свечената академија…
СДСМ: Патриотизам е интеграцијата во ЕУ
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска –…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче специјалниот пратеник на Румен Радев…
Прес-конференција на Валентин Манасиевски, ВМРО-ДПМНЕ Стигна потврда…