Објавено на:

Се е спремно за вojнa: 90 тони американско оружје пристигна во Украина

t

Mинистерот за одбрана на Украина Олексеј Резников објави дека во земјата пристигнала втората пратка оружје од САД, како дел од воената помош во вредност од 200 милиони долари.

САД порачаа дека ќе продолжат да ја вооружуваат Украина поради загриженоста на Киев и Западот кој ги поддржува тамошните власти, за наводните десетици илјади руски војници распоредени во близина на украинската граница. Русија отфрла дека планира напад, но предупредува дека Западот последната година во зголемил значителни военото присуство во соседната земја, вклучително и со големи испораки на офанзивни оружја.

„Втората птица во Киев! Повеќе од 80 тони оружје да ги зајакне украинските одбранбени способности од нашите пријатели од САД! И ова не е крај!“, напиша Резников на Твитер.

Околу 90 тони оружје, вклучително и муниција, од пакетот кој го одобрија САД во декември, пристигнаа во украинската престолнина во саботата.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во петокот во твит порача дека му е благодарен на американскиот претседател Џо Бајден за „досега невидената“ дипломатска и воена помош.

Според американската амбасада во Киев, само минатата година САД ѝ испорачале воеан помош на Украина во износ од над 650 милиони долари. А од 2014 година кога со мартовскиот преврат беше соборена поруската власт, Киев добил воена помош во вкупна износ од 2,7 милијарди доалри. Амбасадата ја истакна и подготвеноста на америакнската страна „да ѝ испорача на Украина многу повеќе“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокат по грешка развел погрешна двојка

Мала компјутерска грешка во адвокатска фирма специјализирана…

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Во центарот на Славонски Брод во попладневните…

ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО ВО ЗАТВОРИТЕ, НА БОЛНИТЕ И…

Вкупно 14-те гласачки места во казнено поправни…

(Фото) Апасиев се огласи со оптимистички пораки…

Апасиев се огласи на социјалните мрежи со…

11 лица незаконски работеле на Токсикологија

5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант…