Семејството, роднините, полицијата трагаат по исчезнатите триесет и двегодишна кумановка и нејзина малолетна ќерка
Семејството, роднините и пријателите речиси месец дена ги бараат исчезнатите мајка и ќерка од кумановската населба „Бавчи“. Денеска до медиумите се обрати и советникот Самет Салиевски кој побара каква било информација од граѓаните за 32 годишната Сабина Сабединовска и нејзината седумгодишна ќерка, Елиф. Тој ги повика граѓаните доколку имаат каква било информација да се јават на 071/ 329-068 или во најблиската полициска станица.
Секторот за внатрешни работи Куманово информираше дека на 9 септември годинава во 14:30 часот во СВР Куманово И.Н.(59) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата внука С.С.(32), која со себе ја повела и нејзината малолетна ќерка. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Дежурниот обвинител од Куманово усно е информиран за настанот, велат од Основно јавно обвинителство Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…
Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…
Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…
Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…
Резултатите не се такви какви што ги…
Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…
Кордон полицајци е распореден пред штабот на…
Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…
„За вториот круг на претседателските избори клучно…