Таче збунет: Лоши и нападнатите и напаѓачите

t

Најостро ги осудувам вчерашните настани кои за голема среќа не резултираа фатално за граѓаните. Никаков револт не може да оправда употреба на огнено оружје од страна на цивили, каменување, оштетување државен имот, посегнување по нечиј живот, напиша денеска на својата фејсбук-страница премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додава дека изразувањето незадоволство преку мирно протестирање е уставно загарантирано право и дека оваа Влада досега повеќе пати покажала и докажала дека демократијата е во рацете на граѓаните и никој нема да им го ускрати тоа право.

-Но, омразата и насилството не биле решение и никогаш нема да бидат решение за ништо. Од последните случувања, и хулиганското однесување на улица има само еден губитник, а тоа е Република Македонија, потенцира премиерот.

Ковачевски ги повикува политичките чинители да не ги вовлекуваат граѓаните во насилни протести, како што вели, давајќи им лажни ветувања.

-Ваквите сценарија веќе ни се добро познати на сите нас. Вчера видовме страшен пример за политичари кој имаа несовладлива склоност да играат улога на жртва, поради голема желба за моќ.

Ваквите “игри” го покажуваат вистинското лице на оние кои се кријат позади народот. Еден ден ги потикнуваат на радикализам, веќе следниот се повлекуваат и оградуваат од граѓаните кои претходно ги изманупулирале. Ним сакам да им порачам – крвавите сцени во законодавниот дом, на улиците низ државата, се едно минато време кое е зад нас и на кое никогаш нема да дозволам да се вратиме, пишува премиерот Ковачевски на Фејсбук.

Сегашноста, додава тој, ни укажува на други приоритети, а тоа се хармонија и просперитет.

-Во Република Македонија институциите функционираат, оттука секој проблем, прашање, се решава низ дијалог. Така функционира земја членка на НАТО, така функционира земја чија иднина е ЕУ, така функционира и Македонија. Во ниту еден момент како Влада не сме го довеле под знак прашалник македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Наша обврска е да го сочуваме достоинството на граѓаните и тоа го правиме. Ние сме европска влада и се залагаме за европски вредности, пишува премиерот Ковачевски на својот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…